
Димензиите 20, 25, 30 и 35 cm се користат за ѕидање на надворешни ѕидови. 20 и 25 cm се погодни за незагреани згради или за згради што се населуваат сезонски, во нив се вклучени и земјоделски згради.
Димензиите 20, 25, 30 и 35 cm се користат за ѕидање на надворешни ѕидови. 20 и 25 cm се погодни за незагреани згради или за згради што се населуваат сезонски, во нив се вклучени и земјоделски згради.
Блокови со дебелина од 10 до 25 cm се погодни за преградни ѕидови – во самото живеалиште или помеѓу одделните станови.
Дебелините 5, 7.5 и 10 cm се користат за обложување на постоечки или новоизградени ѕидови со цел зголемување на способноста за топлинска изолација.
Мала Маса – 450-650 кг/м3 тоа преставува околу 4 пати помала тежина од обичниот бетон. Ова се должи пред се на иновативната ќелиска структура на YTONG, поради тоа што само 20% од волуменот преставува полна маса.
Топлоизолациски својства – Ефикасноста на YTONG како материјал за топлинска изолација се должи на неговата ќелиска структура. Добро познато е дека воздухот во мирување, поточно воздухот затворен во мали ќелии, е еден од најдобрите топлински изолатори.
Постојаност на оган – Целосно се должи на минералниот состав гас-бетонот. Тој е специфициран во групата на негорливи материјали.
Добри квалитети во поглед на цврстината и деформациите – Класи на отпорност на притисок B 2,5 и B 5 кои му овозможуваат да биде корисен како носив конструктивен материјал за ѕидови, вклучувајќи ги асеизмичките платна.
Лесна обработливост на производите на YTONG – На самото место на градење, пред изведбата за време на градежните операции но и потоа, може многу лесно да се сече, лепи, кова итн. Притоа во ѕидовите YTONG може многу лесно да се прават канали, заоблени рабови, отвори итн. Воедно сите овие операции се можни со мал прибор од рачен алат.
Основните димензии на блоковите се со должина 60 cm и висина 25 cm. Овие димензии се еднакви за сите блокови. Променлива е само нивната дебелина во границите од 5 до 35 cm. За ѕидање на 1m2 секогаш се потребни 6,67 блокови, независно од дебелината.
Блоковите се произведуваат во следните 3 типа во зависност од јачината и нивната волуменска тежина:
Димензии d x l x h mm | Волумен во палета (m3) | Количина во палета (број на парчиња) | Од една палета може да се изѕида (m2) |
350 x 600 x 250 | 1.26 | 24 | 3.6 |
300 x 600 x 250 | 1.35 | 30 | 4.5 |
250 x 600 x 250 | 1.35 | 36 | 5.4 |
200 x 600 x 250 | 1.26 | 42 | 6.3 |
175 x 600 x 250 | 1.26 | 48 | 7.2 |
150 x 600 x 250 | 1.35 | 60 | 9.0 |
125 x 600 x 250 | 1.35 | 72 | 10.8 |
100 x 600 x 250 | 1.35 | 90 | 13.5 |
75,150* x 600 x 250 | 1.35 | 95+12* | 14.4+1.8* |
50,150* x 600 x 250 | 1.35 | 144+12* | 21.8+1.8* |