Битуменска Шиндра
Битуменска шиндра за покривање на коси покриви, произведена од оплеменета битуменска маса, армирана со стаклен воал. Горната страна е со обоени гранули (црвена, зелена, кафеава или црнозелена боја). Се произведува во четри облици: ЌЕРАМИДА, ПРАВОАГОЛНА, ШЕСТОАГОЛНА И САЌЕ. Битуменската шиндра е со мала тежина и е флесибилна, погодна е за покривање на разновидни оформени кровни површини.
Битуменската шиндра се вградува со ковање и лепење на подлогата на косиот покрив, притоа се употребува за покривање на коси покриви со нагиб од 11⁰ до 85⁰.