
ОСБ Плочи
ОСБ плочите имаат широка примена во градежништвото, особено во изградбата на објекти од дрво, изработка на преградни ѕидови, обложување на ѕидови, обложување на кровни конструкции, правење на мебел… Одличните механички карактеристики и отпорност на влага ги прави погодни како за внатрешна така и за надворешна употреба. Меѓутоа потребно е да се земе во предвид угледот и квалитетот на производот и производителот. Околу 5% од масата на ОСБ плочата сочинува лепило, кое се наоѓа помеѓу пресованите слоеви на дрвени додатоци, поради тоа можно е испарување кое во поголема мера може да влијае врз квалитетот на воздухот вообјектот. Затоа неопходно е плочите некое време (се препорачува два дена) да се проветрат пред вградување.