• Пон - Пет: 08:00 - 16:00 / Саб: 08:00 - 14:00
  • +389 2 6 154 855
  • info@t-makom.com

За нас

Од самиот почеток на работење во “Тргомак Комерц 2003” имплементирано е дваесет и пет годишното искуство од страна на основачите, во областа на градежништвото и продажбата на градежни производи. Суштината на децениското работење е пред се разбирањето и сериозниот пристап кон купувачите. Притоа како увозници и дистрибутери, секогаш сме во можност да ви понудиме градежни производи по најповолни цени. Големиот број на задоволни и лојални купувачи, препознатливоста на компанијата ја согледуваат од аспект на навремена испорака на квалитетни градежни производи.

Како компанија сме опседнати со создавање на најдоброто можно искуство за нашите купувачи, кое го имплементираме преку нашите четри основни вредности, но воедно и преку интеракција со нашите купувачи, производители и вработени. Преку следниве принципи на секое ниво, ние можеме да обезбедиме одлична услуга за нашите купувачи.

МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Од секој аспект во изградбата на компанијата е имплементирана тимската работа, благодарение на спонтаната интеракција и меѓусебната блискост на вработените, доведува до изработка на најдобри проекти. Во нашата компанија секој поединец поседува уникатен талент и способност, што овозможува безпрекорно функционирање и извршување на секојдневните работни задачи, притоа знаеме дека силата и способноста на поединците се зголемува кога се користи во координација една со друга, односно се преточува во тимска работа. Балансирањето на работата и личниот живот не е лесен процес во повеќе компании, поради тоа ние како компанија им помагаме и излегуваме во пресрет на вработените да постигнат вистинска рамнотежа за нив и нивното семејство преку многу форми на подршка.

ПОТРАГА ПО ЗНАЕЊЕ

Водејќи се по потрагата по знаење, големо внимание посветуваме на постојаното подобрување. Предизвиците ни причинуваат задоволство во донесувањето на одлуките, притоа намерите и целите се планираат за во иднината, а се живеат во сегашноста. Постојано бараме нови информации и повратни информации, кој ни помагаат во прилагодувањето на работата и во подобро искуство за нашите купувачи. Притоа силно ги охрабруваме нашите вработени во надоградбата на нивното образование како и развивање на нови вештини, воедно веруваме во слободно споделување на информациите. Нашиот начин на трпеливо собирање на информациите, го користиме при донесувањето на одлуки насочени со насоките и движењата на компанијата. Овој бавен, внимателен и стабилен пристап доведе до континуиран раст во работата на компанијата.

ТИМСКА РАБОТА

Знаеме дека силниот тим го сочинуваат силни поединци. Поради тоа ние ги почитуваме индивидуалните постигнувања, како и превземањето на самоинцијатива на нашите вработени. И покрај работата како тим, знаеме дека секој тим е составен од поединци со свои таленти и способности. Дополнително сме воодушевени кога поединец од нашиот тим се движи напред, односно подалеку од она што се очекува. Нашиот тим има овластување на индивидуално ниво да се најдат одредени решенија. Секој вработен е добредојден и се охрабрува во колку воочи некој проблем во работењето слободно да го посочи, како би дошло до решавање на тој проблем, без разлика во кој сегмент на работењето се наоѓа. Кон предизвиците не влегуваме со пристапот дека се туѓа поединечна работа, напротив наоѓаме начин да помогнеме во решавањето на одреден проблем со кој се среќава некој поединец од нашиот тим. Овој менталитет не инспирира при секое влегување во канцеларија да сме спремни да направиме разлика, секој ден.

ПОСВЕТЕНОСТ

Посветеноста провејува низ сето она што го работиме во компанијата, сакаме да работиме со оние кои не инспирираат креативно. Ние сме фанатици за да обезбедиме одлично искуство за нашите купувачи. Нашата посветеност не инспирира постојано да се подобруваме, како и да го унапредиме секој аспект во работењето. Ние сакаме купувачите и продавачите да го имаат најдоброто можно искуство, притоа силно веруваме во овој концепт, преку континуираните инвестиции кој ги правиме.

|