• Пон - Пет: 08:00 - 16:00 / Саб: 08:00 - 14:00
  • +389 2 6 154 855
  • info@t-makom.com

YTONG Блок

ytong-2

Димензиите 20, 25, 30 и 35 cm се користат за ѕидање на надворешни ѕидови. 20 и 25 cm се погодни за незагреани згради или за згради што се населуваат сезонски, во нив се вклучени и земјоделски згради.

ytong-150

Блокови со дебелина од 10 до 25 cm се погодни за преградни ѕидови – во самото живеалиште или помеѓу одделните станови.

ytong-500

Дебелините 5, 7.5 и 10 cm се користат за обложување на постоечки или новоизградени ѕидови со цел зголемување на способноста за топлинска изолација.

Сипорекс блоковите YTONG преставуваат лесни и еколошки блокови, кој преставуваат чист минерален продукт, произведени се од песок, цемент, негасена вар, гипс и вода. Притоа добрите градежни својства се познати и докажани на следниов начин:

Мала Маса – 450-650 кг/м3 тоа преставува околу 4 пати помала тежина од обичниот бетон. Ова се должи пред се на иновативната ќелиска структура на YTONG, поради тоа што само 20% од волуменот преставува полна маса.

Топлоизолациски својства – Ефикасноста на YTONG како материјал за топлинска изолација се должи на неговата ќелиска структура. Добро познато е дека воздухот во мирување, поточно воздухот затворен во мали ќелии, е еден од најдобрите топлински изолатори.

Постојаност на оган – Целосно се должи на минералниот состав гас-бетонот. Тој е специфициран во групата на негорливи материјали.

Добри квалитети во поглед на цврстината и деформациите – Класи на отпорност на притисок B 2,5 и B 5 кои му овозможуваат да биде корисен како носив конструктивен материјал за ѕидови, вклучувајќи ги асеизмичките платна.

Лесна обработливост на производите на YTONG – На самото место на градење, пред изведбата за време на градежните операции но и потоа, може многу лесно да се сече, лепи, кова итн. Притоа во ѕидовите YTONG може многу лесно да се прават канали, заоблени рабови, отвори итн. Воедно сите овие операции се можни со мал прибор од рачен алат.

Основните димензии на блоковите се со должина 60 cm и висина 25 cm. Овие димензии се еднакви за сите блокови. Променлива е само нивната дебелина во границите од 5 до 35 cm. За ѕидање на 1m2 секогаш се потребни 6,67 блокови, независно од дебелината.
Блоковите се произведуваат во следните 3 типа во зависност од јачината и нивната волуменска тежина:

  • B 2,5/D500- класа на густина 500 kg/m3; класа на јачина 2,5 МРа; коефициент на топлинска преносливост на ѕидот λ = 0,16 W/mK
  • B 5,0/D600 – класа на густина 600 kg/m3; класа на јачина 5,0 МРа; (За носечки ѕидови и ѕидани серклажи против земјотреси); коефициент на топлинска преносливост на ѕидот λ = 0,19 W/mK
  • B 5,0/D700- класа на густина 700 kg/m3; класа на јачина 5,0 МРа. (со зголемена способност за звучна изолација)
  • B 5,0/D600 и B 5,0/D700 се произведуваат само со претходна порачка на клиентот.

Димензии d x l x h mmВолумен во палета (m3)Количина во палета (број на парчиња)Од една палета може
да се изѕида (m2)
350 x 600 x 2501.26243.6
300 x 600 x 2501.35304.5
250 x 600 x 2501.35365.4
200 x 600 x 2501.26426.3
175 x 600 x 2501.26487.2
150 x 600 x 2501.35609.0
125 x 600 x 2501.357210.8
100 x 600 x 2501.359013.5
75,150* x 600 x 2501.3595+12*14.4+1.8*
50,150* x 600 x 2501.35144+12*21.8+1.8*
* Палета содржи и 12 блокови (150 x 600 x 250). Блоковите со дебелина од 100 до 350 mm се произведуваат во 2 различни вида – мазни и N+F

|