• Пон - Пет: 08:00 - 16:00 / Саб: 08:00 - 14:00
  • +389 2 6 154 855
  • info@t-makom.com

Производи за термоизолација

Стиропор

Стиропорот е производ со широк спектар на изолациона употреба. По вградувањето не го менува обликот и формата ги задржува техничките карактеристики поради тоа што е отпорен на влага, истоа така не е токсичен. Се користи за термоизолација на ѕидови, покриви и подови кај сите видови на објекти. Може да биде произведен во најразлични форми и димензии. Густини во кои стандардно се произведува се од 15-35 кг/м3.

tervol-web
Камена Волна

Камената волна се прави од суровина базалт , при што преку греење на базалтот, на температура од 1350˚C – 1400˚C се трансформира во вклана. Со тоа може да се добие производ камена волна во ролна и табли, кој можат да бидат во различни големини со различни технички својства, соочувајќи се со најразлични материјали во согласност со намената и местото на употреба. Се употребува како термоизлоација и звучна изолација, која што на објектите им овозможува акустичен комфор, како и заштита од пожар.

Стаклена Волна

Стаклената волна се прави од суровина песок силика, при што преку греење на базалтот, на температура од 1200˚C – 1250˚C се трансформира во вклана. Со тоа може да се добие производ облик на ќебе (ролна) и табли кој можат да бидат во различни големини со различни технички својства, соочувајќи се со најразлични материјали во согласност со намената и местото на употреба. Се употребува како термоизлоација и звучна изолација, која што на објектите им овозможува акустичен комфор, како и заштита од пожар.

termoroofТермопокрив

Преставува систем за термоизолирање на коси покриви под ќерамидите. Посебно дизајнирани и произведени изолациони панели од ЕПС кои составени помеѓу себе на покривот формираат слој од термоизолација, слој од хидроизолација и седишта за ќерамиди. Сите панели се со L жлеб од сите четири страни што овозможува 100% спојување и елиминирање на сите можни проблеми со термо мостови, протекување на вода и сл. Се монтираат врз веќе поставена даскена оплата(ОСБ) на косиот покрив, или пак директно врз претходно поставениот дрворед.

|