• Пон - Пет: 08:00 - 16:00 / Саб: 08:00 - 14:00
  • +389 2 6 154 855
  • info@t-makom.com

Производи за покрив

Битуменска Шиндра

Битуменска шиндра за покривање на коси покриви, произведена од оплеменета битуменска маса, армирана со стаклен воал. Горната страна е со обоени гранули (црвена, зелена, кафеава или црнозелена боја). Се произведува во четри облици: ЌЕРАМИДА, ПРАВОАГОЛНА, ШЕСТОАГОЛНА И САЌЕ. Битуменската шиндра е со мала тежина и е флесибилна, погодна е за покривање на разновидни оформени кровни површини.

Битуменската шиндра се вградува со ковање и лепење на подлогата на косиот покрив, притоа се употребува за покривање на коси покриви со нагиб од 11⁰ до 85⁰.

Керамида Винеам

Покривот дава заштита на целиот објект, па во сооднос со тоа Тондах нуди комплетни решенија за покрив. Само правилно изведен покрив со подкровна конструкција, кој штити од секакви видови на надворешни влијанија, дава сигурност и заштеда на енергија, без разлика дали вашиот објетк е нов или пак стар. Тондах Винеам со поместување е пресувана ќерамида која со својата широка рамна покривна површина на покривот му дава рамен изглед. Во едно пакување (палета) има 300 керамиди. Потрошувачка 12,5 керамиди во m2.

Kерамида Класик Плус

Глинекс класик преставува глинена керамида, произведена со модерна технологија на печење во “У” касети на температура од 1040°C. Притоа со Глинекс класик по желба се испорачуваат специјални елементи за комплетно формирање на покривот. Потрошувачка 12,5 керамиди во m2. Во едно пакување (палета) има 320 керамиди.

Kерамида М-977 Португалец

Во зависност од климатските услови, проектираниот наклон на кровот не треба да биде помал од 22 °. Потрошувачка 13,8 керамиди во m2. Димензии 410×255 mm. Во едно пакување (палета) има 330 керамиди.

|