• Пон - Пет: 08:00 - 16:00 / Саб: 08:00 - 14:00
  • +389 2 6 154 855
  • info@t-makom.com

Производи за хидроизолација

bim-mk-proizvod-bitulit-b1_0
Битулит

Се применува за премачкување на подлогата пред изведување на хидроизолација со битуменски ленти, битуменски пасти или битуменски маси. Служи за подобра врска помеѓу подлогата и хидроизолацијата. Пред употреба производот треба добро да се промеша. Се нанесува во ладна состојба на минимална температура од +5ºС. На сува и чиста подлога (бетон, малтер, дрво, стара хидроизолација), се наесува со четка или со прскање во еден слој.

bim-mk-proizvod-pokle-30
Битуменизиран картон

Се употребува за хидроизолација со помали барања, во еден или повеќе слоеви, за заштита на подземни делови на објекти од влага и вода која што не е под притисок. Се вградува со лепење со топол битумен или бмитуменска маса и преклоп на лентите од 10 cm.

100
Импрегниран кровен картон

Се употребува како привремена заштита од влага или како секундарен покривач на коси кровови под ќерамида, лим и сл. Примена има и за каширање на топлинска изолација, за амбалажирање на кабасти предмети, за одвојување на бетонот од подлогата и сл. Се вградува со ковање или лепење со топол битумен и преклоп на лентите од 10 cm.

bim-mk-proizvod-bimizol
Битуменска паста – Бимизол

Се применува за хидроизолација на рамни покриви (рамни површини, продори, сливници) и мокри чворови (купатила, перални), за заштита од корозија на површини, цевководи, цистерни и за санација и репарација на стари објекти. Се аплицира на најразлични подлоги (бетон, малтер, метал, дрво, стара хидроизолација).

basement-floor-membrane
Геомембрана

Се употребува за хидроизолација на темели, подземни гаражи, подруми, тунели итн. Темелите на објектот од околу се опшиваат со  геомембраната, притоа во зависност од објектот се фиксира на одредени точки.

2
Битуменска (Кондор) – Трака

Се употребува за хидроизолација, во еден или повеќе слоеви, за заштита на подземни делови на објекти од влага и вода. Во системот на хидроизолација може да се комбинираат различни видови на битуменски ленти. Се вградува со заваруваање по целата површина со преклоп на лентите од 10 cm.

|