• Пон - Пет: 08:00 - 16:00 / Саб: 08:00 - 14:00
  • +389 2 6 154 855
  • info@t-makom.com

Производи од дрвен материјал

ОСБ Плочи

ОСБ плочите имаат широка примена во градежништвото, особено во изградбата на објекти од дрво, изработка на преградни ѕидови, обложување на ѕидови, обложување на кровни конструкции, правење на мебел… Одличните механички карактеристики и отпорност на влага ги прави погодни како за внатрешна така и за надворешна употреба. Меѓутоа потребно е да се земе во предвид угледот и квалитетот на производот и производителот. Околу 5% од масата на ОСБ плочата сочинува лепило, кое се наоѓа помеѓу пресованите слоеви на дрвени додатоци, поради тоа можно е испарување кое во поголема мера може да влијае врз квалитетот на воздухот вообјектот. Затоа неопходно е плочите некое време (се препорачува два дена) да се проветрат пред вградување.

Резана граѓа (Даска)

Примената на даски во градежништвото е мултифункционалан, пред се служат за обложување на бетонски столбови, скали, потпорни ѕидови, пота за патосирање на покриви и подови. Даските се така спакувани, да во едно пакување има мешани даски со ширина од 100 mm до 300 mm, по потреба може да се призмирани со еднаква унифицирана ширина. Должината може да биде 3 или 4 метри, но со специјална нарачка може да се обезбедат 5 метрови. Стандардизирана дебелина една даска е 25 mm.

letva-web
Резана граѓа (Летва)

Се вградува врз греди, односно преставува носач на завршните покривни системи. Стандардизирани димензии се 25×50 mm со должина од 4 метри.

stafna-web
Резана граѓа (Штафна)

Се вградува вообичаено врз греди, како би можело да се вгради, најчесто лимен покрив. Стандардни димензии се 50×50 mm и 80×50 mm со должина од 4 метри.

Резана граѓа (Греда)

Гредите се користат за формирање на основната и носечката конструкција на покривот, но може и да послужат како носечка конструкција на објекти изградени од дрво. Може да се најдат во следниве димензии 100×80 mm , 100×100 mm, 100×120 mm со должина од 4, 5 и 6 додека пак 7 и 8 метри, се со димензии од 100×120 mm.

Резана граѓа (Талпа)

Најчеста примена на талпа е како помошен материјал за градба на скелиња, помошни патеки, но исто така може да послужат за патосирање на поткровје. Дебелината една талпа е 50 mm. , должината е 4 метри, додека ширината е варијабилна.

|