• Пон - Пет: 08:00 - 16:00 / Саб: 08:00 - 14:00
  • +389 2 6 154 855
  • info@t-makom.com

Останати производи

Портланд цемент

CEM II/B-M (V-P-L) 42,5 N е Портланд цемент со пуцолански додатоци, но во поголем процент во однос на CEM II/A-V 42,5 R. Минималната количина на клинкер изнесува 65%, додека останатите 35% се летечка пепел (V), природни пуцолани (P), природен гипс (за регулација на почетокот на врзување) и до 5% останати минорни минерални додатоци. Повисокото учество на минералните додатоци ја подобрува обработливоста и трајноста на бетоните изложени на хемиски влијанија. Топлината ослободена при хидратацијата уште повеќе се намалува, додека јакосните карактеристики се многу блиски на цементот CEM II/A-V 42,5 R. Напомнуваме дека овој цемент е “N” класа, што означува дека брзината на развојот на цврстината (раните цврстини на 2 дена) се помали во споредба со оние од класата “R”.

Бидејќи карактеристичната цврстина е блиску до онаа на цементот CEM II/A-V 42,5 R, и овој цемент може да се користи за слични конструкции. Има предност пред CEM II/A-V 42,5 R при изведба на темелни конструкции (или други елементи) поставени во агресивни почви и средини. Од друга страна, поради пониската температура на хидратација се препорачува да не се користи при ниски температури (амбиентална температура пониска од 0oC) особено за бетонирање на елементи со мали пресеци. Има стандардна примена за класи на бетон со цврстина до C 35/45.

Хидраулично врзивно средство Усјемал

Хидраулично врзивно средство- ѕидарски цемент MC-5, класа на цврстина 5 во согласност со стандардот MKC EN 413-1, со висок степен на пластичност и трајност. Минималната содржина на клинкер изнесува 25%, додека останатите главни состојки се варовник, песок, 1% природен гипс (за контрола на врзувањето) и хемиски додатоци ( адитиви за вовлечен воздух). Ваквата композиција на составните материјали обезбедува добра обработливост, едноставна примена, боја блиска до онаа на цементот и добри термоизолациони карактеристики.

Се користи за подготовка на ѕидарски малтери за ѕидање со цигли и/или блокови како и за малтерисување на ѕидови. Воздушните микро-спори обезбедуваат добра обработливост, зголемена мразо-отпорност (имаат улога на еласатични амортизери) додека пак смесата на разновидни минерални состојки обезбедува одлична атхезија (лепливост) за керамички или бетонски блокови и за природен камен.

Градежна количка

Конструирана е така што целокупниот терет го оптоварува тркалото. Лесно се движи и е лесна за работа. Сите точки се споени така што се заварени. Се препорачува да се употребува за тешки градежни работи.

Градинарска Количка

Конструирана е така што целокупниот терет го оптоварува тркалото. Лесно се движи и е лесна за работа. Постои можност да се монтира на кран.

mesalka-beton-web
Мешалица за Бетон

Мешалица за подготвување на бетон е изработена во согласност со ISO 9001 стандард за контрола на квалитет, притоа загарантирано е совршено подготвување на бетоно кое се должи на адекватниот дизајн.

Карактеристики:

  • Лесно се расклопува со цел да биде лесна за транспорт,
  • Моторот е изолиран од конструкцијата и е заштитена од преоптеретување со биметална склопка,
  • Лиени запчаници, на кој не им е потебо подвачкување,
  • Компактна, лесно пренослива и
  • Тивко работи.

Стаклена мрежа

Должина 50 м
Ширина 1 м
Пакување 50 м2

Алкално отпорна стаклена мрежа се користи како армирачки слој во фасадните термоизолациски системи, покрај тоа се користи и во системот на хидроизолација со битуменска паста (бимизол). Се карактеризира со одлични механички својства (отпорна на свиткување, истегнување, хемиски стабилна) со што овозможува лесно поставување. Заштитниот слој на латекс, со кој е обложена и овозможува долгогодишна отпорност од хемиски влијанија.

|